ФМ Андреј Вељаноски победник на меѓународниот Божиќен шаховски турнир
106 шахисти од 6 земји настапија на турнирот во Хотел „Сириус“ во Струмица.
Струмица · основан 2021
Место каде шахот се игра сериозно: турнири, натпревари и силна шаховска школа која создава нови генерации.
106 шахисти од 6 земји настапија на турнирот во Хотел „Сириус“ во Струмица.
Клубот е основан во јуни 2021 година, по повеќе од 20 години без организирани шаховски активности во Струмица, со цел повторно активирање на шахот во градот.
Главен фокус на клубот е младинската шаховска школа, која за краток период привлече голем број деца и млади. Работата во школата се реализира по холандската програма Chess Tutor, со редовни анализи на партии и работа на сите нивоа.
Клубот функционира во просториите на гимназијата „Јане Сандански“ и располага со современо опремен простор наменет за тренинзи, учење и натпревари, со сопствен целосно опремен шаховски инвентар.
Преку проектот „Шах во училиштата“, клубот работи на проширување на шахот во образовната средина и негово приближување до младите.
Клубот има околу 30 активни сениори, за кои се организираат турнири, како и учество на турнири во земјата и странство.
Клубот освојува медали и редовно е во борба за највисоките пласмани во повеќе младински категории.
Ја отвораме вратата за учество на општествено одговорни компании. БИЗНИС ЛИГА е ексклузивна иницијатива за поддршка на шахот и младите генерации.
Вие сте на потег.
Членови и партнери: